еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Еврокомесарот Вархеји од Охрид во Софија на средби со Радев, Петков и Генчовска

Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Оливер Вархеји, кој вчера учествуваше на самитот на иницијативата Отворен Балкан во Охрид, денеска е во посета на Бугарија.

Вархеји во Софија ќе има средби со бугарскиот претседател Румен Радев, премиерот Кирил Петков и министерката за надворешни работи Теодора Генчовска.

Посетата на Бугарија еврокомесарот за проширување ја најави уште при последниот престој на 20 мај кога по средбите со Радев, Петков и Ганчевска, изјави дека наскоро ќе се врати во Софија за да се најде заеднички прифатливо решение за отворање на преговорите со С.Македонија.

Вархеји пред заминувањето за Софија вчера изјави дека интензивно се работи Скопје во јуни да го почне преговарачкиот процес за пристапување во ЕУ.

– С.Македонија мора да успее и сите ние мора да работиме на тоа. Се додека постои најмала шанса, ќе продолжам да работам. Од тука заминувам веднаш во Софија и ќе продолжам да работам за решение во јуни, рече еврокомесарот на прашањето какви се шансите на С.Македонија со оглед дека останаа уште две недели до Самитот на ЕУ.

Во врска со подготвеноста на францускиот претседател Емануел Макрон да помогне Скопје и Софија да постигнат договор, Вархеји кажа дека работи многу блиску со француското претседателство, но во оваа фаза би било прерано да се даде одговор.

-Нема да оставиме непрвртен ниту еден камен за да го завршиме ова. Француското претседателство е исклучително посветено. Макрон е лично ангажиран во сето ова. Мислам дека сите сакаат резултат кој е прифатлив за двете земји и со кој би можеле да продолжиме понатаму и конечно да ја одржиме првата меѓувладина конференција и да продолжиме со пристапниот процес на С.Македонија, изјави еврокомесарот Оливер Вархеји.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија нема да добие компензација од ЕУ поради санкциите против Русија

Редакција

Сите детали: Како да се пријавите за вакцинација во Србија

Редакција

Шефот на СЗО: Најлошото во врска со новиот коронавирус допрва претстои

Редакција