еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Трифонов ќе ги тужи Петков и Василев оти го нарекоа „мафија“

Лидерот на „Има таков народ“, која излезе од бугарската Влада, Слави Трифонов синоќа најави дека ќе поднесе тужба против бугарскиот премиер Кирил Петков, министерот за финансии Асен Василев и министерот за спорт во оставка, од неговата партија, Радостин Василев, оти неколку пати бил наречен „мафија“.

-Денес неколку пати слушнав дека јас сум мафијата од страна на премиерот Кирил Петков, министерот за финансии Асен Василев и Радостин Василев, кого не знам како да го дефинирам.

Се согласувам дека во Бугарија секој може да каже нешто за секого, но мора да одговара за своите зборови. Еднаш ги осудив жолтите весници за нивните лаги. Ги добив сите случаи.

Сега ќе поднесам тужби против Кирил Петков, Асен Василев и Радостин Василев за нивните лаги и сугестии. И, се разбира, ќе ги добијам. Фактите се против лагите и клеветите, објави Трифонов на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За Петков Трифонов бил коалционен партнер на мафијата

Фото: Трифонов/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) „Како да беше судено, да дадам гол на стадионот на кој поминав убави четири години“, вели Трајковски за победата над Италија

Редакција

Автобусите од Бугарија треба да се спречат да дојдат, ако се соберат и македонските граѓани ќе биде циркус, вели Јакимовски

Редакција

Град Скопје вработува 25 лица, плата до 28.277 денари

Редакција