Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов ја појасни делумната забрана за движење во шумите и шумското земјиште на ЈП Национални шуми.
„Оваа делумна забрана се однесува исклучиво на шумите со кои стопанисува ЈП Национални Шуми.
Било кои лица кои имаат желба да планинарат во подрачјата во кои движењето е ограничено можат да побарат писмено одобрение за движење во една од 30-те локални подружници на ЈП Национални шуми.
Делумната забрана за движење не се однесува на Парк шумата Водно, Националните паркови Маврово, Галичица, Пелистер и Шар Планина,“ напиша Ангелов на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од утре се воведува делумна забрана за движење во шуми и шумско земјиште
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.