еМагазин
Image default
Македонија

Борисов му порача на Заев два пати да мисли пред да рече нешто за Илинденското востание

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов, одговори на прозивките во Бугарија во врска со изјавата на македонскиот премиер Зоран Заев дадена во интервју за 1ТВ пред една недела дека “Илинденското востание е македонско, а ако некој бугарски граѓанин сака да го чествува нека го чествува“.

Борисов вели дека Заев треба два пати да мисли пред да рече нешто, бидејќи, како што вели тој, доаѓа време кога земјите членки на ЕУ ќе одлучуваат за судбината на Македонија.

„Ги оставам сите да ги премеруваат своите приказни, тоа е на негова сметка. Без разлика дали го кажал тоа намерно или ненамерно, се оди на негова сметка, бидејќи кога станува збор за ЕУ и ние мораме исто така да дадеме согласност, а ние  во тие моменти ќе се сетиме на тие работи. Мој совет е да се биде повнимателен„, изјави Борисов.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Невладина пријави во Пазарниот инспекторат тројца професори од државниот Универзитет во Тетово

Редакција

Денеска средба на Ковачевски со Мицкоски за францускиот предлог

Редакција

(ВИДЕО) Изјавата на Заев за македонскиот јазик која ја „покачи“ температурата во Грција

Редакција