еМагазин
Image default
Македонија

Бугарската министерка за надворешни работи: Илинденското востание географски е македонско, историски е бугарско

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, одговори на повиците на претседателката на бугарската опозициска партија БСП, Корнелија Нинова, која побара од премиерот Бојко Борисов да реагира на изјавата на македонскиот премиер Зоран Заев во која вели дека Илинденското востание е македонско.

Захариева возврати дека нема да прифати совети од партијата која ги предаде коските на Гоце Делчев на Титова Југославија.

„Во врска со прозивките на Нинова до премиерот итно да ги одбрани бугарските национални интереси од премиерот на Македонија, Зоран Заев, кој ги тестираше кревките темели на доброто соседство. Да, Илинденското востание географски може да се рече дека е македонско и тракијско, но историски е бугарско. Госпоѓо Нинова бидете мирни, Владата ги штити нашите национални интереси“, порача таа.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Игор Јанушев ослободен за набавката на кинеските автобуси

Редакција

Кирацоски тврди дека власта обезбедила мнозинство за уставните измени

Редакција

Се покажува дека е правилен изборот да не брзаме со ратификација на Меморандумите со Северна Македонија, порачуваат од Грција

Редакција