еМагазин
Image default
Македонија

Земјотрес ги вознемири граѓаните

Земјотресот кој попладнево беше почуствуван во Македонија е со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот е регистриран на 115 киломтери југо-западно од Скопје во соседна Албанија, соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Со најсилен интезитет во Македонија, односно со 4 степени според Европската макросеизмичка скала бил почуствуван во Дебар и околината, во Охрид, Струга, Кичево и Гостивар е почуствуван со интензитет од 3 до 4 степени и во Скопје и Тетово со интензитет од 3 степени според истата скала.

– Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, зејотресот го регистрирала во 17 часот и 38 минути со Рихтерова магнитуда од 5 степени, се вели во соопштението на Сеизмолошка опсерваторија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 222 болни од Ковид-19

Редакција

Детален преглед на состојбата по болниците каде се лекуваат пациенти со Ковид-19

Редакција

Уставниот суд образложи зошто се зголемени примањата на судиите

Редакција