еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Францускиот предлог неприфатлив и за Стојанче Ангелов

За претседателот на Достоинство и директор на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов францускиот предлог ваков каков што е неприфатлив.

-Јас како поискусен политичар можам да проголтам неколку работи, но со овој предлог ние не добиваме датум за преговори. Покрај тоа што е во одредени делови е понижувачки за нас Македонците, ние нема да добиеме датум, се додека не се случат уставните измени и тешко ќе биде да се обезбеди две-третинско мнозинство.

Јас сум против внесување на Бугарите во Уставот затоа што нивната бројка е минорна. Утре може ќе останат овде кај нас 2-3.000 Украинци, па може ќе треба и нив да ги внесеме.

Ваков каков што е, предлогот треба да биде доработен, но ако ова е конечниот, тој треба да се отфрли. Негацијата на македонскиот народ и идентитет е присутна и кај бугарскиот народ, кој под влијание на пропагандата се сврте против браќата Македонци, изјави Ангелов во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германски историчар објаснува зошто францускиот предлог е бескорисен и опасен

Чешка и други ЕУ-членки вознемирени од францускиот предлог, само Бугарија била консултирана, откри чешка аналитичарка

Блага Петреска: Безимен Македонец уште не е виден, така било, така и ќе биде

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пет најплатени работни позиции, за работа од дома

Редакција

Судскиот совет денеска на седница треба да расправа за одлуката на Апелација за „Таргет – Тврдина“

Редакција

Апасиев: Алтернатива, Алијанса и Беса имаат историска шанса да го стават ДУИ во опозиција

Редакција