еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Што е познато за новата варијанта на омикрон „кентаур“ која од Индија се прошири во 10 земји

„Кентаур“ или варијантата БА. 2.75 е брзо-ширечка варијанта на омикрон која се појави во Индија, а потоа се прошири во 10 држави, клучувајќи ги Обединетото Кралство, САД, Австралија, Германија и Канада.

Овој сој на омикрон, Европскиот центар за контрола и превенција на болести (ЕЦДЦ) минатата недела го оквалификува како „варијанта под надзор“ и се уште се испитува дали оваа варијанта е позаразна, пишува Гардијан.

Водечката научничка во Светската здравствена организација (СЗО), Сумија Сваминататан изјави дека засега нема доволно голем примерок за да се испита сериозноста на варијантата.

Она што е алармантно е дека БА. 2.75 содржи дополнителни мутации наспроти БА.2.

„Тешко е да се предвиди ефектот на толку мутации што се појавуваат истовремено. Тоа му дава на вирусот одредена непредвидливост. БА.2.75 дефинитивно е потенцијален кандидат за она што ќе се случува по БА.5,“ вели Том Пикок, виролог од Империјалниот колеџ во Лондон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Проф. Трајковски: Најдобро е да избегнуваме повторени заразувања со Ковид-19 сé додека трае пандемијата

Фото: Унсплаш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 178 случaи со Ковид-19 од 1.368 тестирања: Најголем број од заразените во Скопје, Куманово, Прилеп, Кочани и Тетово

Редакција

Обвинителството презентираше снимки за движењето на обвинетите за убиството на Вања и Панче

Редакција

Прогресивен данок: Новиот закон директно ќе удри по џебот на 38.000 граѓани

Редакција