еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Официјално во Македонија детектирана БА 5 варијантата на омикрон, присутна е во неколку градови

Во лабораторијата за вирусологија при Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во периодот од 11-17.07.2022 година е изведено секвенционирање за детекција на варијанти на SARS CoV-2, стои во најновиот извештај на ИЈЗ.

“Изработени се вкупно 48 примероци од пунктови позитивни на SARS CoV-2 од Скопје, Велес, Кавадарци, Гевгелија, Свети Николе, Охрид, Неготино, Кочани, Штип, Струмица, Струга и Тетово.

Кај 39 примероци (81,2%) е детектирана BA.5 сублинијата на Омикрон сојот, кај 6 примероци (12,5%) е детектирана BA.2 сублинијата, додека пак кај 3 примерока (6,3%) – BA.1 сублинијата на Омикрон.

Новодетектираната BA.5 сублинија е забележана кај примероци од различни градови: Скопје, Струмица, Охрид, Штип, Неготино, Велес, Кавадарци, Тетово, Кочани и Гевгелија“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се симптомите на новите соеви на омикрон БА 4 и 5

Доктор Беќаровски: Ковид-бројките рапидно ќе растат поради доаѓањето на омикрон БА 4 и 5

Д-р Даниловски објаснува за клиничката слика која ја предизвикуваат БА.4 и БА.5 варијантите на омикрон

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Пресечен шверц на дрога од Косово, запленета марихуана вредна околу 600.000 евра, приведени шест лица

Редакција

Јавниот долг заклучно со 31 декември е 60,9% од БДП

Редакција

(Фото) Њу Момент прослави 30 години од постоењето и градењето успешна приказна на маркетинг-пазарот

Силвана Жежова