еМагазин
Image default
Бизнис

Дирекцијата за заштита на личните податоци е против увидот на УЈП во сметките на граѓаните

Дирекцијата за заштита на личните податоци е против увидот на Управата за јавни приходи (УЈП) во сметките на граѓаните.

Од таму преку соопштение посочуваат дека уште на крајот на мај годинава тие дале негативно мислење, дека предложените измени на Законот за банки не се усогласени со Законот за заштита на личните податоци.

„Предложените законски решенија не се во согласност со начелата за заштита на личните податоци (особено начелото на пропорционалност и неопходност), утврдени во член 5 став 1 од Законот за заштита на личните податоци.

Ова особено што, предложените нови законски решенија кои се однесуваат на УЈП создаваат таканаречен “bulk pull” систем, со кој не се обезбедува пропорционално и неопходно собирање и обработување на личните податоцио, односно се овозможува преобемно и неограничено обработување на лични попдатоци, а кои лични податоци по својот обем не се неопходни во однос на исполнување на целите заради кои се обработуваат според начелата за заштита на личните податоци утврдени во член 5 став 1 алинеи 1, 2 и 3 од Законот за заштита на личните податоци“, велат од Дирекцијата за заштита на личните податоци.

Од таму велат дека во февруари годинава одржале состанок со Македонската банкарска асоцијација и со УЈП, и уште тогаш кажале дека претходно ќе бидат неопходни измени и на Законот за УЈП, со кои ќе се утврдат заштитни мерки за правата и слободите на физичките лица.

Односно, во Законот за УЈП задолжително да се предвидат одредби за условите кои ја одредуваат законитоста на собирањето, обработката и чувањето на личните податоци од страна на Управата, категориите на податоци кои ќе бидат предмет на собирањето, категориите на субјекти, ограничувањата во однос на целите за кои тоа се прави, периодот на чување, операциите и постапките, вклучувајќи и мерки за обезбедување законско и правично собирање и обработка.

Решенијата кои се однесуваат на Царинската управа ќе треба да се избришат, велат од Дирекцијата.

За спроведување на законската обврска за присилна наплата на царинските давачки, пак, се неопходни измени на Законот за Царинска управа, каде ќе се предвидат законски можности за обезбедување податоци од единствениот регистар на трансакциски сметки кој се води во КИБС, и новите измени да бидат во корелација со Законот за заштита на личните податоци, велат од Дирекцијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Девизните резерви на крајот на февруари 3,9 милијарди евра

Редакција

Бензините поевтинуваат за еден, а дизелот за денар и половина

Редакција

Призма: Поранешната Влада за период од седум години на Сител, Канал 5 и Алфа ТВ им дала 25 милиони евра

Редакција