еМагазин
Image default
Бизнис

Велешки Димко Митрев со намалена добивка во првите шест месеци

Во периодот од 01.01 до 30.06.2022 година Димко Митрев АД Велес оствари нето добивка од 85 илјади денари и во однос на истиот период од предходната година е помала за 98%, информираат од компанијата преку Македонската берза.

„Добивката за 2022 година е намалена во споредба со добивката за истиот период од предходната година затоа што во 2021 година добивка е како резултат на тековното работење и добиената финансика поддрша за исплата на плати од државата за месеците април, мај и јуни 2020 година.

50% од нето добивката пред оданочување и оданочивите расходи од даночниот биланс ги вративме, а разликата до искористената финансиска поддршка ја приходувавме.

Имено во пресметковниот период е остварен вкупен приход од 174.733 илјади денари и во однос на вкупниот приход во 2021 година е поголема за 19%. По структурата на застапеност во вкупните приходи најголемо учество имаат приходите од странскиот пазар и тие учествуваат со 89%, приходите од домашен пазар со 8% и други приходи со 3%.

Во остварените вкупни приходи најголем дел се остварени приходи од продажба на сопствени производи и услуги наменети за извоз кој редовно се наплаќаат.

Во периодот од 01.01 до 30.06.2022 година вкупните расходи изнесуваат 174.647 илјади денари и во однос на вкупните расходи во 2021 година се поголеми за 24%. По структурата на застапеност во вкупните расходи најголемо учество имаат трошоците за суровини и репроматеријали и изнесуваат 94.532 илјади денари и во однос на истиот период од предходната година се поголеми за 44%.

Трошоците за бруто плата на вработените изнесуваат 62.778 илјади денари и во однос на истиот период во 2021 година се поголеми за 34% и истите редовно се исплаќаат. Во пресметковниот период од 01.01. до 30.06.2022 година вкалкулирани се нето плати во вкупен износ од 41.877 илјади денари и задолжителни придонеси за нето плата во износ од 20.901 илјади денари“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Велешки Димко Митрев во првите шест месеци ја зголеми добивката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цементарница Усје ќе исплати дивиденда од 2.360 денари за акција

Редакција

„Линк медиа плус“ го доби тендерот за новогодишно украсување на Скопје „тежок“ 260.000 евра

Редакција

БИМ Свети Николе ќе дели дивиденда од 1.833 денари бруто по акција

Редакција