еМагазин
Image default
Бизнис

Комерцијална банка со зголемена добивка во првите шест месеци

Во периодот 01.01-30.06.2022 година, Комерцијална банка АД Скопје на консолидирана основа има остварено позитивен финансиски резултат во износ од 1.131,9 милиони денари, наспроти остварениот позитивен финансиски резултат во износ од 828,9 милион денари во истиот период од минатата година, информираат од Банката преку Македонската берза.

Вкупната актива на консолидирана основа изнесува 148.605,5 милиони денари и е минимално зголемена во однос на декември 2021 година.

Консолидираниот неревидиран Биланс на успех и Биланс на состојба на Банката за периодот 01.01-30.06.2022 година се состои од Биланс на успех и Биланс на состојба на Комерцијална банка АД Скопје и на подружницата КБ Публикум инвест АД Скопје – Друштво за управување со отворени и затворени инвестициски фондови, претставени како биланси на едно правно лице, велат од Банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колкав промет оствариле акциите на Комерцијална банка, Алкалоид и НЛБ Банка за шест месеци

Сава Димитрова купи акции во Комерцијална банка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерството за одбрана вработува психолози

Редакција

БРАКО во само два дена испорача 14 возила за одржување на хигиена

Редакција

Кои се Владислав Хаџидинев и Милка Тодорова кои се реизбрани за членови на УО на УНИ Банка

Редакција