На отворањето на владината прослава за Илинден синоќа во Круешво, песната „Во борба, во борба“ беше изведена од МОБ без втората строфа во која се споменува Гоце Делчев и „фашистичка крв се лее“.
Строфата која не беше отпеана гласи:
„Излеговме ние смели партизани,
над нас на Гоце знамето се вее,
во гори, полја и на сите страни,
фашистичка крв насекаде се лее“.
Изоставена беше и последната строфа за нов живот на Македонците со браќата Власи, Турци и Албанци.
Изведбата предизивика бурни реакции во јавноста и на социјалните мрежи, а пејачката Елена Петрска, која е дел од МОБ, коментирајќи на статус на Фејсбук на колегата Владимир Блажев од ДНК, за изведбата, напиша дека аранжманот на песната бил направен пред повеќе од десет години и дека никој со сила не можел да ги натера хористите да менуваат текст или да пеат поради нечиј интерес.
Фото: Влада/денешен.мк/видео: Влада/денешен.мк