еМагазин
Image default
Локално

Пронајден машки труп во распаѓање во близина на Кавадарци

На спореден пат кај Тиквешкото Езеро во близина на Кавадарци синоќа беше пронајден патнички автомобил со битолски регистарски ознаки и тело на починато машко лице во распаѓање, соопштија денеска од Jавно обвинителство.

Поради лошата пристапност на теренот, полициски екипи од ОВР Кавадарци и СВР Велес денеска извршиле увид на лице место.

– Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци издал наредби за обдукција на телото на починатиот со цел да се утврдат причините за смртта, како и за ДНК анализа со која ќе се утврди неговиот идентитет, се појаснува во соопштението од Служба за односи со јавноста на Jавното обвинителство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) МВР откри лабораторија за производство на марихуана во Булачани

Редакција

Кривична пријава против струмичанец за обид за силување

Редакција

Се уште се трага по возачот и евентуални патници од возилото кое падна во Вардар кај Желино

Редакција