еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) На Табановце запленето злато во вредност од 600 илјади евра

При вршење на детална царинска контрола на автобус на влез во државата, мобилните тимови од Одделението за оперативни работи од Царинската управа вчера на граничниот премин Табановце открија и привремено задржаа 13,3 килограми злато и непријавени 30.000 евра.

Запленетото злато е со проценета вредност од над 600.000 евра, информираат од Царинската управа (ЦУ).

-Поради постоење сомнеж, автобусот со македонски регистарски ознаки кој се движи на редовна линија од Пореч (Р.Хрватска) до Гостивар, заедно со патниците бил упатен на царинскиот терминал на граничниот премин.

При прегледот со мобилен скенер се воочени неправилности во кровната конструкција, каде се пронајдени разновиден златен накит и златни плочки во правилна и неправилна форма.

Непријавената стока – злато со вкупна тежина од 13.304 грама е привремено задржана и предадена на Одделението за истраги за понатамошна постапка.

Дополнително при личен претрес, кај еден од возачите беа пронајдени и одземени непријавени 30.000 евра, за кои е изготвен записник за девизен прекршок, велат од Царинската управа.

Фото: ЦУ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полициски радар фати возач со 212 километри на час на автопатот Тетово-Гостивар

Редакција

Во болницата во Козле има 21 дете заразено со Ковид-19, од кои две се на кислородна поддршка

Редакција

Министерството за одбрана без одговор дали Македонија донирала воени авиони на Украина

Редакција