еМагазин
Image default
Македонија

Прободен затвореник во Идризово

Затвореник од КПУ Идризово е прободен со остар предмет од страна на друг затвореник, соопшти Министерството за внатрешни работи.

– Вчера во 18:00 часот во СВР Скопје од КПУ Идризово било пријавено дека околу 17:45 часот затвореникот И.И. (35) бил прободен со остар предмет од страна на друг затвореник И.К.

Повредениот бил пренесен во амбулантата при КПУ Идризово за укажување на лекарска помош, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, наведуваат од МВР.

Од МВР посочуваат дека се работи на расчистување на случајот.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 105 болни од Ковид-19

Редакција

Дојавите за бомби во училиштата се лажни

Редакција

Дурловски за понудата на Заев: Подарената слобода на неправедно обвинет ќе биде претежок товар

Редакција