еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Времето денеска облачно, свежо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно, свежо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално во попладневните часови ќе има појава на невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степена. УВ=5

Во Скопје, променливо облачно, a во попладневните часови во делови од регионот ќе има повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Синоптичарите најавуваат и краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и електрични празнења. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 29 степени.

И во следните денови подрачјето на нашата земја ќе биде под влијание на влажен и нестабилен воздушен бран, што ќе услови променливо облачно и нестабилно време, со пороен дожд и грмежи.

Локално, претежно во попладневните часови, ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град. Температурите ќе останат значително пониски во однос на изминатиот период.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Следната недела уште еден неработен ден

Редакција

(Фото) Двете ќерки на најстарата излечена пациентка од корона вирусот, даруваа конвалесцентна плазма за да спасат нечиј живот

Редакција

(Видео) Американската амбасадорка Кејт Мери Брнз правеше ајвар во резиденцијата

Редакција