еМагазин
Image default
Бизнис

Министерство за финансии: Приливите по основ на лични трансфери, помош и подароци не се оданочуваат со персонален данок на доход

Министерството за финансии и Управата за јавни приходи одржаа состанок со Македонската банкарска асоцијација во врска со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за банките. Како што соопшти Министерството за финансии, договорено е прецизирање на текстот што ќе се имплементира во новиот текст на Законот.

– Управата и со постоечкиот закон добива податоци за сметките на граѓаните на писмено барање. Со промените би се добивала само приходната страна по автоматизам, за останатите податоци Управата и понатаму ќе мора да поднесе писмено барање. Трошењата на граѓаните и состојбата на сметката не и се потребни на УЈП за изработка на претпополнетата даночна пријава, наведуваат во соопштението.

Оттаму појаснуваат дека податоците што ќе ги добива УЈП ќе бидат „енкриптирани“ со цел да се заштитат личните податоци на граѓаните. Ова ниво на заштита е повисоко и од актуелното. Во насока на заштита на личните податоци, веќе се подготвуваат промени во Законот за Управата за јавни приходи.

Промените ќе стапат на сила од почетокот на 2019 година, бидејќи истите се потребни за изработка на претпополнетата годишна даночна пријава. Со ова како и во најголем дел од европските земји граѓаните ќе се ослободат од пополнување на годишната даночна пријава.

– Нема никакви промени кај третманот на дознаките од странство. Ова значи дека и понатаму ќе се применува постоечкото законодавство, според кое приливите по основ на лични трансфери, помош и подароци не се оданочуваат со персонален данок на доход, истакнуваат во соопштението.

УЈП и Македонската банкарска асоцијација ќе ја продолжат соработката со цел успешно да се имплементира законот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗК Пелагонија со загуба во првото полугодие

Редакција

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули

Редакција

Небезбедна серија на сок од брендот ХИПП се повлекува од пазарот

Редакција