Поради големото невреме што вчера го зафати Скопје и околината и најавите за ново невреме во наредните денови, организацискиот тим на Пиволенд 2022 од безбедносни причини го презакажа почетокот на настанот за 3 септември.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од среда пет дена Пиволенд во Скопје: Кој се ќе настапи
Како што објавија на Фејсбук страната на Пиволенд 2022, местото на настанот останува Плоштад Македонија, а новиот термин е од 3 до 7 септември.
Фестивалот годинава се одржува под мотото „Дојди, Види, Испиј!“, а се најавуваат повеќе од 100 видови на пиво, како и настапи на над 50 музички артисти, поделени на две сцени – главна, каде ќе настапат познати домашни и балкански музички изведувачи и крафт, за љубителите на алтернативната музика и младите талентирани артисти.
Организаторите на Пиволенд 2022 најавуваат атрактивни сцени за артистите, богатата локална кујна, одличната музичка програма, голем број на забавни активности и очекуваат гости од целиот регион.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео+фото) Невремето во Скопје оштети повеќе автомобили
(Видео) Дождот во Скопје поплави и автобус на ЈСП со патници
(Видео) Дождот го поплави и Ист Гејт, молот затворен