еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

УХМР: Невреме како вчерашното во Скопје еднаш во две до пет години

Невреме како што се беше вчера во Скопје може да се случи еднаш во две до пет години, покажуваат историските мерења и статистички истражувања на интензивните врнежи со кусо траење, изработени во Управа за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Од УХМР истакнуваат дека вчера во Скопската котлина беа регистрирани значително високи количества на врнежи проследени со олуен ветер, грмотевици и локална појава на град и суградица, кои предизвикаа штети и поплави во градското подрачје.

-На автоматските и дождомерните метеоролошки станици во Скопје и околината, кои се дел на метеоролошкиот набљудувачки систем на Управата за хидрометеоролошки работи (Главна метеоролошка станица- Скопје Зајчев Рид, Гази Баба, Карпош, Црешево и дождомерните станици Лисиче и Ѓорче Петров) вкупното количество на измерени врнежи изнесува Гази Баба 35мм Црешево 25мм, Лисиче 20мм, Скопје Зајчев Рид 8мм, Карпош 6мм, Ѓорче Петров 3мм, се наведува во соопштението од УХМР.

Локално врнежите беа со силен интензитет, така што во Гази Баба за два часа наврнаа 33мм, во Лисиче 20мм и Црешево 25мм.

Максималната брзина на ветер е регистрирана на Скопје Зајчев Рид во 16:10 часот од источен правец и изнесува 18.7м/с (повеќе од 65 км/час).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео+фото) Како полицијата и пожарникарите извлекуваа заглавени возила во Скопје

(Видео+фото) Невремето во Скопје оштети повеќе автомобили

(Видео) Дождот во Скопје поплави и автобус на ЈСП со патници

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Прв случај на приведување македонски државјанин за шверц на мигранти во Бугарија

Редакција

(Вознемирувачко видео) Индија: Во реката Ганг фрлаат тела на починати од Ковид-19, властите поставуваат мрежи да ги соберат

Редакција

Претстојната зима ќе биде потопла и со повеќе снег

Редакција