Во 2021 година во терестријалните телевизии кои емитуваат програма на територијата на целата држава просечниот број на вработени во редовен работен однос изнесувал 612 лица, покажува Анализата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски одлуки.
“Споредено со претходната година, просечниот број на вработени останал непроменет во Алфа и Канал 5, во Алсат М се намалил за четири лица, а во Сител и Телма се зголемил за четири, односно за три лица.
Најмногу вработени имало во ТВ Сител (153 лица), а најмалку во Телма (103 лица).
На 31.12.2021 година, вкупниот број на вработени во овие пет телевизии изнесувал 749 лица, од кои 614 биле во редовен работен однос, а 135 биле хонорарно ангажирани“, стои во Анализата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Колкави трошоци имале лани Телма, Сител, Алсат М, Канал 5 и Алфа
Колкави приходи оствариле лани Телма, Сител, Алсат-М, Канал 5 и Алсат М
Алсат-М лани со најголема добивка, колкава е добивката на Сител, Канал5, Алфа и Телма