еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Украинската армија ослободила повеќе од 2.000 квадратни километри окупирана теритoрија, тврди Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето ноќно видео-обраќање рече дека украинската армија ослободила повеќе од 2.000 квадратни километри окупирана теритoрија од почетокот на контранападот овој месец.

– Во овој момент можам да потврдам дека благодарение на акциите на украинската армија од почетокот на септември се ослободени околу 2.000 квадратни километри од нашата територија, рече Зеленски.

– Ова е најтешката зима за целиот свет. Русија прави сè за 90 дена од оваа зима за да го скрши отпорот на Украина, отпорот на Европа и отпорот на светот. Затоа што ова е она на што Русија се надева, ова е нејзиниот последен аргумент, рече Зеленски.

– Има 90 дена кои ќе одлучат за повеќе од 30 години независност на Украина, 90 дена ќе одлучат повеќе отколку сите години на постоење на Европската Унија, истакнува украинскиот лидер.

Тој посебно им се заблагодари на единиците на украинската армија кои, како што рече, „се истакнале во регионот Харков“ и на оние кои „ја вратиле целосната контрола над градот Балаклија“.

Русија претходно најави повлекување на своите сили од регионот. Зеленски го нарече бегството на руската армија добра одлука.

– За окупаторите нема и нема да има место во Украина, рече тој.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Целата индиска делегација на самитот на Г7 во Лондон е во самоизолација

Редакција

Скопски пазар му продаде имот на Лидл во скопска Гази Баба

Редакција

„Мислиш вест од Фчерашни е!!!“: Твитер реакции за Камчев, кој ги бодреше Вардарци во живо во Келн

Редакција