еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Единствено ЕСМ достави понуди на повикот за парно греење во Скопје

На повикот на Владата за избор на компанија која ќе произведува, дистрибуира и ќе ги снабдува со топлинска енергија потрошувачите на дел од градот Скопје се пристигнати понуди од ЕСМ производство на топлина ДООЕЛ Скопје, ЕСМ дистрибуција на топлина ДООЕЛ Скопје и ЕСМ снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје.

Јавното отворање на понудите се одржа денеска во Владата, согласно со јавниот повик за избор на вршител на енергетска дејност регулирано производство на топлинска енергија, вршител на енергетска дејност дистрибуција на топлинска енергија и вршител на енергетска дејност снабдување со топлинска енергија.

-Комисијата составена од претставници на владини институции го спроведе отворањето на понудите по јавниот повик за избор на вршител на енергетска дејност регулирано производство на топлинска енергија и беше констатирано дека е пристигната една понуда од страна на понудувачот Друштво за производство на топлинска енергија ЕСМ производство на топлина ДООЕЛ Скопје.

По спроведеното отворањето на понудите по јавниот повик за избор на вршител на енергетска дејност дистрибуција на топлинска енергија беше констатирано дека е пристигната една понуда од страна на понудувачот Друштво за дистрибуција на топлинска енергија ЕСМ дистрибуција на топлина ДООЕЛ Скопје.

На јавниот повик за избор на вршител на енергетска дејност снабдување со топлинска енергија од страна на Комисијата беше констатирано дека е пристигната една понуда од страна на понудувачот Друштво за снабдување со топлинска енергија ЕСМ снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје, соопшти владината прес-служба.

Откако ќе биде извршена евалуацијата на пристигнатите понуди, како што стои во соопштението, Комисијата ќе достави предлог до Владата, што ќе биде разгледан на една од наредните седници.

Со јавниот повик треба да се избере компанија која ќе го преземе работењето на Балкан Енерџи Груп, откако на крајот на јуни и беа одземени лиценците за работа поради финансиска неликвидност од високата цена на природниот гас.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Заеви за Божиќ традиционално во Водоча

Редакција

По испуштањето на радиоактивна вода од Фукушима во океанот, јапонската Влада тврди дека нема зголемена радиоактивност

Редакција

(Видео) Министерката Петровска во Киев: Украина ја има нашата поддршка за одбрана на својата сувереност и независност

Редакција