еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Џафери ја одби иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за референдум

Доставената граѓанска иницијатива не е прашање по кое може да се распише референдум на државно ниво. Меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од внатрешниот правен поредок и не можат да се менуваат со закон, му одговори претседателот на Собранието, Талат Џафери на овластениот предлагач, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Согласно член 60, став 1, алинеја 5 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, Ве известувам дека граѓанската иницијатива за распишување на задолжителен референдум на државно ниво, за престанок на важењето на Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија (објавен во Службен весник бр. 12/2018 од 18.01.2018 година), не е во согласност со член 118 од Уставот на Република Северна Македонија, како и со членот 8, став 1, алинеја 11 од Уставот на Република Северна Македонија.

Имено, во член 118 од Уставот на РС Македонија е утврдено дека Меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од внатрешниот правен поредок и не можат да се менуваат со закон.

Во членот 8, став 1, алинеја 11 од Уставот е утврдено дека темелна вредност на уставниот поредок на РС Македонија е и почитувањето на општоприфатените норми на меѓународното право, пишува Џафери во одговорот до Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ на 9 септември ја достави иницијативата до Собранието за одржување референдум за поништување на Договорот со Бугарија. Тогаш координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски информира дека ги собрале потребните потписи за поднесување на иницијативата.

Претходно, на 5 септември Извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ го усвои референдумското прашање „Дали сте за напуштање на важноста на Законот за ратификација за Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија објавен во Службен весник од 18.01.2017?“. 

МИА/Фото: Собрание

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Милчо Манчевски сподели фотографија која го доловува „дното“ на Македонија

Редакција

За предизвикување пожар приведен маж од Свети Николе

Редакција

Осуденик нападнал затворски полицаец во Идризово

Редакција