еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нови 141 случаи на Ковид-19, оздравени 84, починато едно лице

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 866 тестови, а регистриран е 141 нов случај на Ковид-19.

Во Скопје – 79, Прилеп и Кавадарци – по 9, Куманово и Битола – по 7, Охрид – 6, Тетово – 4, Велес – 3, Кичево, Гевгелија и Ресен – по 2, Гостивар, Штип, Кочани, Струга, Неготино, Радовиш, Крива Паланка, Делчево, Берово, Кратово и Богданци – по 1.

Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 45 реинфекции.

Регистрирани сe 84 оздравени пациенти од: Скопје – 50, Кавадарци – 7, Штип – 6, Прилеп – 5, Крива Паланка – 3, Куманово, Битола и Гевгелија – по 2, Охрид, Тетово, Велес, Кочани, Свети Николе, Валандово и Крушево – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, пријавено е едно починато лице од Скопје (84г), во болнички услови.

Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, не се регистрирани починати лица.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 341.889, бројот на оздравени пациенти е 331.679, на починати е 9.516, а бројот на активни случаи изнесува 694.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ги откри ли командант Малишева напаѓачите на Јанакиески и Ристоски?

Редакција

Земјотрес почувствуван во Кичево и околината

Редакција

Сребрен медал и две олимписки пофалби за македонскиот тим на Европската јуниорска олимпијада по информатика

Редакција