еМагазин
Image default
Македонија

Уставниот суд не донесе одлука за „работа во недела”, немаше мнозинство

Уставниот суд денеска ја одржа XXVIII-та седница со дневен ред на кој се расправаше по три реферати, меѓу кои и рефератот У.бр.4/2022 кој опфаќа „работа во недела”, информираат од таму.

-Уставниот суд не донесе одлука за овој предмет поради недоволно мнозинство на гласови, односно еден од судиите на јавната расправа се изјасни дека нема да го поддржи рефератот.

Предлогот на овој предмет гласеше „да не се поведе постапка”, што значи Законот да остане во правниот поредок, односно недела да остане неработен ден, освен во дејностите за кои е исклучок и кои се предвидени со овој закон.

Потсетуваме дека Уставниот суд работи со вкупно пет судии од предвидени девет според Уставот, а за одлучување се потребни најмалку петмина, колку што се вкупно судии во моментов, велат од судот.

Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поранешен в.д. медицински директор си ја вработил снаата

Редакција

И во МВР имало и има укажувачи, вели Спасовски, по потпишувањето на Договор и меморандум за соработка со Антикорупциска комисија

Редакција

Филипче: Не е точно дека над 400 лекари се иселиле од земјава

Редакција