Српската преставничка на Евровизија, Ана Ѓуриќ или како што ја знаеме Констракта вечерва ќе настапи во Скопје пред Филхармонија во рамки на фестивалот „Звукот на Скопје“, кој почнува денеска.
Фестивалот ќе се одржува на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред зградата на Филхармонија, паркот Ибни Пајко, во Старата скопска чаршија и неколку други локации, а во склоп на истиот се одржуваат музички настапи, изложби, театарски претстави, поетски читања…
Вечерва ќе настапат и Дина Јашари, бендот „Хајка“, „Вива стрингс“, германскиот бенд „Дијаз војтас дуо“…
Утре ќе настапат „Љубојна“, Тони Китановски и Черкези, „Бла, бла, бла“, „Foolish Green“, „Брука бенд“…
Програмата ОВДЕ.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.