еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Таравари се уште не донел одлука дали ќе се кандидира за претседател на Алијанса за Албанците

Новиот в.д претседател на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари денеска по Централното собрание на партијата изјави дека е донесена одлука на 17 декември оваа година да се одржи вонреден конгрес на партијата.

-Денеска имавме второ собрание на Алијанса за Албанците, каде што се констатираше неотповикливата оставка на Зијадин Села. Повеќето членови на конгресот ми дадоа поддршка на Централното собрание. Донесовме одлука на 17 декември оваа година да се одржи вонредниот конгрес на партијата, рече Таравари.

Тој се надева дека Алијанса за Албанците ќе продолжи да биде надеж за повеќето Албанци во државата, за да ги донесат промените во албанскиот блок.

На прашање дали ќе поднесе кандидатура за претседател на партијата, Таравари одговори дека се уште не донел дефинитивна одлука, а сега ќе биде само вршител на должноста.

Тој посочи оти кандидатури можат да поднесат сите заинтересирани членови на партијата, две недели до одржување на вонредниот конгрес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Арбен Таравари избран за в.д претседател на Алијанса за Албанците

МИА/Фото: Фејсбук/Таравари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Затвореник во Идризово силуван од цимерот, со помош на трето лице кое исто така било во ќелијата

Редакција

МВР на Унгарија: Не знаеме како Груевски стигнал во Унгарија

Редакција

Собраниската Комисија за надзор на работата на АНБ да заседава за случајот „Онишченко“, повикува Ковачевски

Редакција