еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Од сабота во пораст дневната температура

Времето утре ќе биде студено, а преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува умeрен до засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, во Скопје претпладне ќе биде умерено до значително облачно, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде пет, а максималната 18 степени.

Во следните денови утрата ќе бидат студени, а до петок и дневната температура ќе биде под просекот за овој период од годината.

В петок ќе има услови за слаб локален дожд.

Од сабота дневната температура ќе биде во значителен пораст.

Во следните три дена минималната температура ќе се движи од нула до 11 степени, а максималната од 13 до 25 степени.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Хотелите во Сиде се најпродавани, нудат се што е потребнo за едно просечно семејство

Редакција

Ковид-центарот изгорел за неколку минути, засега нема индиции дека пожарот во Тетово е подметнат, вели претседателот Пендаровски

Редакција

Централниот одбор на СДСМ го поддржа стартот на преговори со ЕУ согласно „францускиот предлог“

Редакција