Денеска на Гробот на Онаа Која Го роди Испразнителот на гробовите човечки, нашиот возљубен Старец, Епископот Антаниски г. Партениј, сослужуваше со Митрополитот г. Јоаким, на преубавата Литургија, која ги вознесуваше нашите души во благодатните прегратки на Царицата Мајка, информираа од Бигорски манастир.
„Заедно со овие две благословени чеда на Богомајката, кои со своите души се силно прилепени кон Неа, служеа и Архимандритот Дионисиј, Игумен на свештеното поклониште на Темницата каде што бил затворен Христос, Архимандритот Доситеј и јеромонасите Кирил и Анатолиј од Бигорската Обител, како и други четири свештенослужители од православната Црква на Србија.
Човечкиот јазик нема доволно моќ да ги опише благодатните бранувања и доживувања на душите на свештенослужителите и на верните, собрани околу Гробот од кого воскресна Мајката на Животот,“ велат од Бигорски манастир.
Фото: Бигорски манастир