еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Фабриката за масло „Кристал 1923“ од Велес ќе го откупи вкупното производство на сончоглед во земјава

Фабриката за масло „Кристал 1923“ од Велес или поранешна „Маслодајна“ досега откупи 6 000 тони сончоглед од кои 1,4 од ЗК Пелагонија, а останатите од индивидуални земјоделски производители.

Сончогледот од земјоделците фабриката го откупува по 35 денари за килограм, плус ДДВ.

„Кристал 1923“ најавува дека ќе ги откупи сите годинава произведени 10.000 тони сончоглед од македонските ниви.

-Задоволни сме од отупот. Фабриката за сите земјоделци со кои склучи договор за годинава им обезбеди семенски материјал. Бројките зборуваат за тоа колку е зголемено производството на домашен сончоглед од страна на индивидуални земјоделски производители.

Им се заблагодарувам на земјоделците кои се одзваа на повикот за зголемено производство на храна во државата за да не зависиме од увоз. Се гледа дека тоа што компанијата вложуваше во кампањата, полека дава резултат. Се потрудивме да им дадеме добра откупна цена на земјоделците, тие сами ќе кажат дали се задоволни или не, рече денеска на прес-конференција извршниот директор и сопственик на фабриката Горанчо Лазов.

Според него, откупната цена од 567 евра по тон што тие им ја даваат на македонските земјоделци е највисока во регионот. Во Србија тон е 535 евра, во Грција 500 евра, во Бугарија 530 евра, во Романија 530 евра, а во Украина минимални 360 евра.

Со стимулативната цена на сончогледот, земјава, оцени Лазов, ќе ги задоволи сопствените потреби за масло за два месеца.

-Годинава просечниот принос од хектар е од 1,8 до 2.000 килограми, но во наредните години македонските земјоделци ќе го зголемат на 2,5 до 3. 000 килограми. Со тоа „Кристал 1923“ ќе нема потреба од увоз на сончоглед бидејќи со овие количини ќе можеме да произведеме масло за јадење и да ги задоволиме потребите на домашниот пазар, рече Лазов.

МИА/Фото: МЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Ало бе што беше бруто, нето?!“: Твитер реакции оти Заев ќе биде и премиер и министер за финансии

Редакција

(Фото) „Зимска идила“ во Македонија: Снег во Зрзе, Шапка, Крушево…

Редакција

Мијалков добива слобода за „Титаник 2“, Тачи не се појави, јавната седница во Апелација одложена

Редакција