еМагазин
Image default
Uncategorized

За три дена 108 нови случаи на Ковид-19 и тројца починати

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните три дена (од 30.09 до 02.10.2022 година) направени се 976 тестови, а регистрирани се 108 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 83, Прилеп – 5, Штип – 4, Битола, Тетово, Кавадарци, Кичево и Кратово – по 2, Куманово, Охрид, Струмица, Гевгелија, Неготино и Македонски Брод – по 1.

Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 30 реинфекции.

Регистрирани сe 135 оздравени пациенти и тоа од Скопје – 90, Прилеп – 7, Охрид – 6, Битола – 5, Тетово – 4, Штип, Кавадарци, Кратово и Куманово – по 3, Кичево, Гевгелија, Неготино и Велес – по 2, Ресен, Крива Паланка и Берово – по 1.

Во текот на изминатите три дена пријавени се три починати лица. Две починати лица од Охрид (81г и 89г) и едно починато лице од Кратово (72г). Сите се  починати во болнички услови.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Предложени дополнителни докази за случајот „Меѓународен сојуз”

Редакција

А1 Македонија ја одбележа Светската недела за Грижата на корисници

Редакција

Просечната нето-плата во јули 28.540 денари, според ДЗС пораснала за 4,8%

Редакција