еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Средба Ковачевски и Мицковски сепак ќе има

Во Владата денеска попладне ќе се одржи средба меѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, потврдија за МИА од Владата.

Средбата, како што информираат од Владата за МИА, ќе се одржи во 16 часот.

Претходно, во емисија на телевизија 24, Маја Кадиевска од ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека е прифатена поканата од премиерот Ковачевски и дека на средбата ќе присуствува економскиот тим на партијата предводен од Христијан Мицкоски.

– Прифатен е повикот од премиерот Ковачевски за средба каде ќе присуствува економскиот тим на ВМРО-ДПМНЕ предводен од Христијан Мицковски. Ги нудиме нашите ресурси и концептот. Ќе биде запознаен и премиерот. Би требало да се разговара во вакви тешки времиња и треба да седнеме заедно најголемата опозициона партија со Владата, изјави синоќа Кадиевска.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Како изгледа центарот на МВР во Прилеп за чување податоците при терористички напад

Редакција

Сиљановска Давкова не отиде во Париз на отворањето на катедралата Нотр Дам, владиниот авион имал дефект

Редакција

Брачен пар од Прилеп останале без 15.000 евра поради измама на Интернет

Редакција