еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Гевгеличанецот го обљубил 8-годишното дете, кое со други две му биле оставени на чување

Триесетдневен притвор му е одреден на лице осомничено за продолжено кривично дело – полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.  Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе наредба за спроведување истражна постапка против осомничениот.

Државното јавно обвинителство информира дека родители на три деца му ги довериле на осомничениот да ги чува.

Децата биле на возраст од осум, шест и две години, а осомничениоет, како што е наведено во соопштението, „искористувал исти прилики и во повеќе наврати вршел кривично дело обљуба врз најстарото дете“.

Бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе избега, ќе ја попречува истагата со влијание врз сведоците и соучесниците и дека ќе го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гевгелија доставил предлог за определување мерка притвор.

Судијата за претходна постапка го прифатил предлогот и му определил 30-дневен притвор на осомничениот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

61-годишен гевгеличанец обљубил малолетник

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Политичките лидери кај Пендаровски се договорија дека за Македонија нема друг пат, освен ЕУ

Редакција

Три нови сомнителни случаи тестирани за коронавирус во Скопје, за двајца резултатите негативни, за едниот се очекуваат

Редакција

(Видео) Груевски во судница во Будимпешта со „стил“ ја чека одлуката: Капа, очила за сонце и лисици на рацете

Редакција