Во рамки на “Велешка питијада“ во Велес вчера се јадеше пита-пастрамајлија долга четири метри.
За питата беа употребени 30 кг месо, 10 кг брашно и 300 јајца, а беше направена од рацете на велешките мајстори Александар Јамалов, Орце Димовски, Александар Миладиновски, Лазе Коцевки, Зоранчо Илиевски, Паскал Јамалов и Лазе Гугинов.
Во соработка со Црвен крст Велес беа собрани средства од продажба на питата кои ќе се употребат за хуманитарни цели, информираа од Општина Велес.
Фото: Општина Велес
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.