Регистрирани се нови 28 случаи на Ковид-19 од направени 278 тестирања, согласно податоците од Институтот за јавно здравје за последните 24 часа.
Како што соопшти Министерството за здравство, најмногу нови заразени има во Скопје, 24, во Велес – 2 и во Куманово и во Гевгелија по еден случај.
Од вкупниот број на позитивни регистрирани се седум реинфекции.
Од оздравените пациенти во Скопје се 22, во Прилеп – 5, Куманово – 4, Битола – 2, Тетово, Кавадарци, Охрид, Струмица, Гевгелија и Неготино – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа нема регистрирани починати лица.
Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“ нема регистрирани починати лица.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 343.462, бројот на оздравени пациенти е 333.611, на починати е 9.551, а бројот на активни случаи изнесува 300.
Фото: МЗ