еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Семејство со три деца, невработена самохрана мајка и две постари лица добија хуманитарни пакети од поделбата на џиновската пита на „Питијада 2022“

Средства кои граѓаните на Велес ги донираа при поделбата на велешката пастрмајлија за гинис долга четири метри од манифестацијата „Питијада 2022“ се искористија за набавка и поделба на хуманитарни пакети за лица и семејства кои живеат во социјален ризик, информираат од Општинската организација на Црвен крст од Велес.

-На манифестацијата се донираа 3.221 денар. Од овие средства, а дополнети со сопствени, се направија четири хуманитарни пакети со основни прехрамбени продукти.

Донацијата беше поделена кај семејство со три деца, невработена самохрана мајка и кај две лица од трето доба. Во распределбата учествуваа двајца волонтери од Општинската организација на Црвен крст од Велес, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Во Велес се јадеше пита-пастрамајлија од 4 метри

Фото: Црвен крст

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МЕПСО цел на кибер напад, не се загрозени мрежата и снабдувањето со струја

Редакција

Да му помогнеме на осумгодишниот Аце кој втор пат е опериран од тумор на мозокот

Редакција

Пендаровски: Прашањето на опозицијата за референдумот е практично да го прекинеме европскиот пат

Редакција