До сабота дневната температура ќе биде пониска за неколку степени, а од недела повторно ќе биде во пораст. За време на викендот по котлините ќе има појава на магла.
Управата за хидрометеоролошки работи информира дека утре и задутре минималните утрински температури ќе се спуштат до -3, а дневната ќе биде до 22 степени.
Од недела до вторник минималните температури ќе се движат во интервал од 2 до 11, а максималната дневна ќе достигне до 27 степени.
Фото: Град Скопје
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.