еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Постигнат договор за платите во ЈСП, автобусите почнуваат да сообраќаат

Постигнат е договор за платите на вработените во Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје и автобусите на ЈСП веќе ќе почнат да сообраќаат, потврди за МИА претседателот на синдикатот на ЈСП, Миќо Стојановски.

– Трансферот на пари е направен. Платата ќе биде поделена утре. Автобусите почнуваат да собраќаат, изјави Стојановски за МИА.

Информацијата им е пренесена од градоначалничката на Град Скопје со која имале средба пред половина час.

И од Град Скопје преку соопштение потврдија дека е изнајдено решение. Го повикаа менаџментот на претпријатието да си даден оставка и ги повикаа Владата и општините во најкус можен рок да ги исплатат долговите кон ЈСП.

– ЈСП продолжува со нормалното функционирање, откако градот Скопје изнајде решение за вештачки предизвиканата криза во претпријатието.

Повикуваме, менаџментот на претпријатието во ликот на Управниот одбор на истото веднаш да поднесе неотповиклива оставка од функцијата поради несоодветно менаџирање со претпријатието, поттикнување и предизвикување на хаос. Платите за ЈСП се обезбедени.

Во меѓувреме остануваме на барањето, Владата и општините во најкус можен рок да ги исплатат насобраните милионски долгови, се наведува во соопштението од Град Скопје.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски го осуди нападот на бугарскиот клуб, за Радев тоа е апсолутно неприфатлив чин на агресија

Редакција

Распишан оглас за вработување во Агенцијата за храна и ветеринарство, плата до 25.123 денари

Редакција

Ако за земјите од Западен Балкан се инсистира прво да ги решат билатералните спорови, тогаш ниту една нема да влезе во ЕУ, порача Пендаровски

Редакција