еМагазин
Image default
Бизнис

Кредитирањето на домаќинствата зголемено за 7,6%, раст кај станбените, а пад кај автомобилските кредити

Кредитите на домаќинствата во септември се зголемени за 0,7% на месечно ниво. Во споредба со истиот месец претходната година, кредитите на домаќинствата се повисоки за 7,6%, како резултат на зголемените кредити во денари и во странска валута, со малку поизразен придонес на кредитите во денари, покажуваат податоците на Народната банка.

Во септември, гледано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, кај потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории, е забележан месечен раст од 0,8% и 0,9%, соодветно, при годишен раст од 6,7% и 12,9%, соодветно.

Според ревидираните податоци, кај автомобилските кредити е остварен месечен пад од 0,5%, при годишен раст од 0,8%.

Кредитите одобрени на кредитни картички бележат месечен и годишен пад за 0,1%, соодветно, додека негативните салда на тековните сметки се намалени за 2,0% на месечна основа, а се непроменети на годишна основа. Кредитите одобрени врз други основи се пониски за 1,2% на месечно ниво и 17,1% на годишно ниво.

Кредитите на корпоративниот сектор, остварија месечен раст од 1,1%, а годишен од 12,6%. Нагорната промена по двете основи се должи на зголеменото кредитирање во денари и во странска валута, со малку поголем придонес на кредитите во странска валута.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Промени во управата на „Сава осигурување“: Ило Ристовски нов генерален директор

Редакција

Хрватската куна ќе може да се разменува на домашниот девизен и менувачки пазар заклучно со 31 декември 2022 година

Редакција

Истражување: Лошите временски услови предизвикаа елементарна катастрофа кај голем дел од лозовите насади во Тиквешкиот регион

Редакција