еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Боки 13 имал отоци и огреботини во пределот на главата, шаката, рачен зглоб и надлактица, не е хоспитализиран

Бојан Јовановски-Боки 13 синоќа е донесен на преглед во Ургентниот центар со анамнестички податок за физички напад.

Констатирани се видливи надворешни повреди, отоци и огреботини во пределот на глава, шака, рачен зглоб и надлактица.

По направени иследувања, прегледан е од неврохирург, трауматолог и дигестивен хирург, по што е пуштен поради лекарска проценка дека нема потреба од хоспитализација, информираа за МИА од Ургентниот центар.

Претходно, извори од МВР за МИА потврдија дека три лица вчера физички го нападнале Бојан Јовановски во кругот на затворот „Идризово“, каде тој ја издржува затворската казна.

Оттаму посочуваат дека вчера во 20 часот во СВР Скопје – Полициската станица Гази Баба, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен Б.Ј. (36) од Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Завршил на клиника, Боки 13 претепен од тројца затвореници

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жена загина во пожар во куќа во Стар Дојран

Редакција

Горивата поскапуваат од половина до еден денар по литар

Редакција

Илина Арсова постигна огромен успех: На Антартикот ја заокружи мисијата да ги искачи највисоките врвови на сите континенти

Редакција