еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пендаровски нема да оди на отворање на македонскиот клуб во Благоевград, не бил поканет

Претседателот Стево Пендаровски во недела нема да оди во Благоевград на отварањето на клубот „Никола Вапцаров“ на ОМО Илинден Пирин, бидејќи не бил поканет.

-Ако го земете соопштението на оние кои го организираат тоа, тие мене не ме поканија, иако тоа ме чуди, затоа што дел од тие луѓе кои ја отвораат таа спомен куќа или дом, затоа што тоа не е регистрирано според бугарските прописи и е приватна иницијатива, беа кај мене со ОМО Илинден заедно со други организации на Македонци од Бугарија, рече претседателот Пендаровски за ТВ Сител, додавајќи дека тоа бил прв официјален прием на Македонци од Бугарија од осамостојувањето од Бугарија.

Тој додаде дека за 31 година независност, никој не ги примил како група Македонци од Бугарија. Тоа, додаде претседателот, е грижата на нашата држава за дијаспорите околу.

Во врска со бугарските здруженија во земјава претседателот Пендаровски смета дека не треба да се дозволи да носат имиња на, како што нагласи, докажани фашистички соработници. Според него, доколку по најавите од Министерството за правда дека и ако биде донесен нов закон за здруженија, тој не може да важи ретроактивно може да се преиспита работата на постоечките здруженија.

-Има државни институции, како на пример Јавното обвинителство, кои можат да ја преиспитаат работата на постојните клубови, бидејќи е неспорна една од основите да ја преиспиташ работата е дали тие со својата активност разгоруваат национална или верска омраза и нетрпеливост. По мене да, рече претседателот Пендаровски во Тема на Денот на ТВ Сител.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ниту сум дозволил, ниту сум забранил отворање приватен македонски клуб, вели градоначалникот на Благоевград

МИА/Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Кои се најдобрите кафулиња во Скопје за 2021 година

Редакција

За влез во Србија преку Табановце се чека подолго време поради црвеното ниво на безбедносен ризик од тероризам

Редакција

Продолжува судењето за „Титаник“

Редакција