еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ОМО „Илинден“ – Пирин до Османи: Глигор Цанев и Минчо Остас, стојат зад отворањето на македонски културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград

Финансиери на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград се двајца истакнати припадници на македонската заедница во Торонто, Канада – Глигор Цанев и Минчо Остас, а посредник е Македонско меѓународно движење за човекови права, објави денеска на Фејсбук организацијата на Македонците во Бугарија, ОМО „Илинден“ – Пирин.

Во објавата насловена „Отворена порака до Османи“, ОМО „Илинден“ – Пирин наведува дека било познато кој стои зад отворањето на македонски културен клуб „Никола Вапцаров“ и дека тоа никој го нема криено.

– Тоа е на право место друштво за заштита на основни човекови права во Благоевград, друштво кое повеќе пати ја истакнува својата поддршка за евроинтеграцијата на Македонија и за добрососедството меѓу Македонија и Бугарија, наведува организацијата во реакција на денешната изјава на министерот за надворешни работи Бујар Осман, кој нагласи дека Клубот го финансира фондација од Канада, чии позиции „не се во функција на стратешки интереси државата“.

Според Османи, поаѓајќи од тој факт не очекува дека Клубот ќе биде во функција на граѓаните и на односите меѓу Македонија и Бугарија.

– Фактот што финансиер на тој клуб е тоа здружение за мене е доволен факт дека оваа иницијатива нема добра намера, рече Османи.

ОМО „Илинден“ – Пирин во реакцијата наведува дека министерот Османи не се интересира ниту коj го отвора клубот, ниту кој го финансира, туку се фиксирал само “врз некои искажувања на посредникот искажувани во врска со други настани“.

– Две прашања господине Османи: Нели ветивте да не се мешате во внатрешните работи на Бугарија – да проверувате што прават граѓани на Бугарија во Бугарија, не е ли директно мешање? И не е ли тоа работа на бугарските институции, ако сакаат нешто да проверуваат на нивна територија? Од кога македонското надворешно министерство е разгранок на внатрешното министерство на Бугарија?, се наведува во објавата на ОМО „Илинден“ – Пирин.

Организацијата посочува и дека можеби ваквиот став на Османи е барање изговор за тоа што нема да присуствува на отворањето на клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград.

– Отворањето на културен клуб на име на поетот антифашист Никола Вапцаров не е исто со отворање на „културен“ клуб на име на терорист и хитлеров соработник. Културните активности на Македонците во Бугарија не се провокација! Културните активности на Македонците во Бугарија не можат да штетат на вистински и искрени добрососедски односи – токму спротивно!

Оставете ние, Македонците во Бугарија, да решаваме од што имаме потреба и што ни оди во наш интерес. Вие така или инаку се имате откажано од нас! Оние што не се откажаа од нас – доаѓаат во недела. Тие се добро дојдени!, се додава во објавата на ОМО „Илинден“ – Пирин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За Османи е спорно отварањето на македонскиот клуб во Благоевград

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Границите со Грција остануваат затворени до 8 ноември

Редакција

Продолжува судењето за насилството во Собрание

Редакција

Вкупно до сега 5.448: Починаа шест лица од Ковид-19

Редакција