Македонијатурист АД Скопје во првите девет месеци од 2022 година од пружените хотелски и ресторански услуги како основна дејност, како и од други споредни дејности оствари позитивен финансиски резултат, односно добивка од 22,90 милиони денари, соопшти компанијата преку Македонската берза.
-Вкупните приходи за деветте месеци од 2022 година изнесуваат 231,65 милиони денари и се зголемени за 97%, додека пак приходите од продажба на Друштвото се зголемени за 173% во однос на истиот период минатата 2021 година.
Вкупните трошоци и расходи од работењето за деветте месеци од 2022 година изнесуваат 208,75 милиони денари и се зголемени за 93,10% во однос на 2021 година, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сава пензиски фонд купи акции во Македонијатурист
Македонијатурист во првите шест месеци со добивка