еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Донација од 1.100 книги од Витаминка за библиотека во Прилеп

Витаминка денеска ја предаде донацијата од 1.100 книги во Градска библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, информираат од компанијата.

Донацијата содржи вкупно 150 наслови од различни жанрови од домашни и странски автори, лектирни изданија, популарна литература, белетристика, детска и тинејџерска литература.

Вкупната вредност на донацијата е 160.000 денари, а од компанијата велат дека ова е само првиот чекор во популаризација на културата на читање и зголемување на значењето на библиотекарската дејност во градот Прилеп.

„Како компанија со голема свесност за состојбите во општеството и воопшто во околината, со оваа донација сакаме да го свртиме вниманието кон значењето на едукацијата и читањето книги и да влијаеме врз зголемување на читачката култура.

Потребно е посебно младите да се надградуваат себе си и да го спознаваат светот низ книгата и на тој начин да создаваат вистински и трајни вредности.

Веруваме дека овој начин, преку популаризирање на културата на читање и создавање понуда во библиотеката од наслови и содржини кои одговараат на тековните интереси и преокупации на младите и на сите нас, ќе успееме да ја поттикнеме љубовта кон книгата и кон убавиот збор“, истакна Симона Симоновска, шеф на маркетинг во Витаминка.

Изборот на авторите и насловите е направен во координација со библиотеката и според потребите од жанрови и изданија. Според директорката ова е значајно зголемување на книжниот фонд и тоа за сите профили на читатели.

„Донацијата од 1.100 книги со 150 наслови, пред сè лектирни изданија, значително ја збогатува понудата на библиотеката во одделот за деца. На овој начин учениците многу полесно ќе дојдат до бараната книга.

За учениците кои се вљубеници во пишаниот збор, набавени се повеќе наслови на детски белетристички романи, енциклопедии. Ставен е акцентот на домашни автори, но и во исто време набавена е литература и од странски автори. Сè на се, огромно благодарам на компанијата Витаминка за оваа вредна донација, од името на сите вработени во установата, и од името на учениците – наши читатели.

Донацијата ќе ги краси полиците на библиотеката со години. Влогот во младите, нови генерации чинам е највреден, а ефектите многукратни. Компанијата Витаминка и овој пат става печат на искреното пријателство со библиотеката Борка Талески – Прилеп.

Таа е пример во заедницата за ефикасно вложување во рамките на политиките за општествена одговорност. Многу успеси на учениците, и многу успешни проекти на Витаминка во иднина.

Во оваа пригода сакам да се заблагодарам и на градоначалникот Борче Јовчески за силната поддршка при реализација на овие активности“, истакна Моника Талеска, директорка на прилепската библиотека.

Меѓу донираните наслови застапени се странски автори како Џ.К. Роулинг со серијалот Хари Потер, како и други од светската белетристика, а од домашните само некои од авторите се Горјан Петрески, Ванчо Николески, Велко Неделкоски, со што се дава поддршка и за домашните автори и книжни изданија.

Исто така, како најнови наслови кои досега не беа листирани во библиотеката, присутни е и новата македонска едиција „Светот на Биби и Боби“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Меѓународниот Филмски фестивал КИНЕНОВА со продолжена програма на ТВ24 до крајот на ноември

Редакција

Изложбата „Јапонија” на Дејан Колевски во НЛБ Галерија

Редакција

Македон со ново признание, освои злато на математичката олимпијада во САД

Редакција