еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Абази вели оти немал лични контакти со соселанецот Ахмети и други кадри на ДУИ

Новоизбраниот основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Ислам Абази работата во ова јавно обвинителство ја гледа како предизвик и смета дека со своето досегашно искуство и работа професионално и законито ќе го претставува ОЈО ГОКК.

Како свој приоритет, Абази најави пополнување на празните обвинителски места и на слободните места во истражниот центар, и да се воведе дигитализација во Јавното обвинителство.

Освоените 66 гласа од колегите јавни обвинители, Абази рече дека се голема одговорност и мотив, колку што може подобро и професионално да раководи со ова, како што рече, најважно јавно обвинителство кое во својата надлежност ја има борбата против организираниот криминал и корупција.

– Иако немав програма, јас бев во постојана комуникација со јавните обвинители и им ја изложував мојата визија, програма и проект како ќе биде и како ќе раководам со Обвинителството, изјави Абази, посочувајќи има добиено гласови од сите апелациони подрачја и дека тие во него препознале човек кој ќе биде успешен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Ислам Абази, наследникот на Русковска

Изборот на шеф на ОЈО ГОКК со гласање на непосредни избори од самата фела, според Абази е гаранција да нема никакви надворешни влијанија, ниту политички, ниту бизнис или лоби групи.

Во однос на транспарентноста и јавноста, Абази рече дека согласно Законот за ЈО, тие се должни да бидат транспарентни и да информираат за работата по некои предмети кои будат интерес во јавноста, меѓутоа и дека треба да се зачува угледот и достоинството на обвинетите, оштетените и сите учесници во постапка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мистериозен како и Катица Јанева: Кој е Ислам Абази, новиот шеф на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција

Абази својата кариера ја почнал од јавен обвинител во ОЈО Кичево, потоа пет години бил во Вишо јавно обвинителство и четири години е раководител на Вишото јавно обвинителство Гостивар и смета дека со своето досегашно искуство и работа професионално и законито ќе го претставува и ОЈО ГОКК.

– Ми претставува предизвик, имајќи предвид моето досегашно искуство, да раководам и со ова Обвинителство. Сум учествувал во разни работни групи за донесување закони и подзаконски акти, правилници, коментар на Законот за јавно обвинителство, учесник сум во работната група на Законот за конфискација на имот, изјави Абази.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ прва му честиташе на Абази, новиот шеф на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција

Прашан дали е точно дека е во блиски релации со ДУИ, Абази рече дека јавнообвинителската функција е неспоива со вршење на друга јавна функција или членување во политичка партија.

– Никогаш не сум бил или пак сум член на некоја политичка партија. Ниту пак во моето досегашно работење сум оставил впечаток дека имам одредени релации или позиции со одредена политичка партија, изјави Абази, посочувајќи дека нема лични контакти со Али Ахмети или некој друг од ДУИ.

Во однос на тоа дали ќе ги преземе и продолжи случаите кои ги водеше Вилма Русковска, Абази, рече дека е неблагодарно е да коментира предмети што не ги проучил.

– Кога ќе стапам во Обвинителството ќе побарам од колегите да ме запознаат со тие истраги кои будат поголем интерес во јавноста, да ме запознаат со предметите каде е определена мерката притвор, со старите и нерешени предмети и да почнеме со работа, изјави Абази.

Прашан за наводите дека неговата сопруга скоро ги завршува студиите на Академијата за судии и јавни обвинители, Абази рече дека согласно закон брачен другар не смее да работат во исто јавно обвинителство и дека Вишото јавно обвинителство и Основното јавно обвинителство не се исто јавно обвинителство, и таа ќе има право да конкурира на секој јавен оглас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апасиев за изборот на Абази: „На денот на „лидерската“ ДУИ им го зеде и Обвинителството за организиран криминал“

МИА/Фото/видео: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се шират лажни вести за наводно пронајдени починати средношколци во Градскиот парк во Скопје, велат од МВР

Редакција

Поради корона вирусот цената на медицинските маски од 8 „рипнаа“ на 40 денари

Редакција

Гласањето за референдумот заврши, затворени избирачките места

Редакција