еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Зеленски најави можност за мировни преговори со Русија

Во пресрет на денешните клучни избори во САД, украинскиот претседател Володимир Зеленски ја навести можноста за мировни преговори со Русија, што е промена од неговото претходно отфрлање на дијалогот со претседателот Владимир Путин.

Зеленски доцна синоќа ја повика меѓународната заедница „да ја принуди Русија на вистински мировни преговори“.

Тој ги наведе вообичаените услови за дијалог односно враќање на сите окупирани територии, надомест на штета и кривично гонење за воени злосторства.

Станува збор за промена на реториката на украинскиот претседател, кој на крајот на септември потпиша указ во кој се наведува „неможноста да се водат преговори“ со Путин.

Денешните среднорочни избори за американскиот Конгрес ќе го дефинираат износот и обликот на идната политика и финансиската поддршка на Вашингтон за Украина, јавија американските медиуми.

Зеленски ги повика Американците да „одржат непоколебливо единство“ додека не се „врати мирот“ во Украина, бидејќи денеска во САД се одржуваат клучни среднорочни избори, чиј исход може да влијае на поддршката на Вашингтон за Киев.

– Ве молам да одржите непоколебливо единство како што го правите сега, до денот кога сите ќе ги слушнеме тие важни зборови за кои сонувавме, додека не слушнеме дека мирот конечно е обновен, истакна Зеленски во видео обраќањето од Киев на конференцијата на која го доби американскиот „Медал на слободата“.

МИА/Фото: Зеленски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој сè е акционер во Жито Полог, кој го презеде Орка холдинг

Редакција

Детален преглед: Какви се резултатите од гласањето по изборни единици?

Редакција

„Обвинувањата се целосно неосновани“: Реакција на Руската амбасада за протерување на дипломатите од Македонија

Редакција