еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Ленче Здравкин и Омер Калаши годинешни добитници на наградата Мајка Тереза

Ленче Здравкин, активистка и хуманитарка од Велес и Омер Калеши, ликовен уметник со светска кариера и со потекло од Кичевско, се годинашни добитници на државната награда „Мајка Тереза“.

Наградата се доделува за особено значајни остварувања во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.

Наградата, како што соопшти собраниската прес-служба, ќе биде доделена во недела на 26 август, денот на раѓањето на хуманитарката и добитничка на Нобеловата награда за мир, Мајка Тереза.

Фото: Фејсбук/Здравкин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 4 случаи на Ковид-19 од 2.760 тестирања

Редакција

Последен ден вонредна состојба: Карантинот, полицискиот час и здравствените мерки не зависат од неа

Редакција

Убава вест: Оздравени 551 заболени од Ковид-19, најмногу од Скопје 314

Редакција