еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Левица го блокираше законот за медиуми со кој пет национални телевизии за владини реклами ќе поделат неколку милиони евра

Со 1.300 амандмани Левица ја блокираше собраниската седница на Комисијата за транспорт и врски на која требаше да се расправа и за предлог законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

– Пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов поднесоа вкупно 1.300 амандмани до собраниската архива за новиот Закон за аудио-визуелни медиумски услуги со кој треба да се помогне недемократското и авторитарно дејствување на властите, посочија од Левица.

Со законски измени, владиното рекламирање повторно се враќа во медиумите, а најголем дел од парите ќе ги земаат петте национални телевизии, а помал дел регионалните медиуми.

Против овие измени се сите новинарски здруженија: Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поранешни и актуелни пратеници сведочеа за настаните на 27 април

Редакција

Богојавление – Водици: Денот кога Господ Исус Христос бил крстен во реката Јордан

Редакција

„Гепек во најава“: Твитер реакции за тоа дека бизнисменот Сеад Кочан треба да се јави во затвор на 17. јули

Редакција