еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Видео) Дожд повторно го поплави Тетово

Неколкучасовниот интензивен дожд синоќа предизвика поплави на улици, булевари и локални патишта во Тетово.

Врнежите предизвикаа проблеми за граѓаните на неколку места каде редовно се поплавуваат улиците. Речиси целосно се поплавија улиците во населбата Дарданија, источно од железничката пруга, улицата „172“, која го спојува Тетово со Мала Речица, неколку улици околу касарната.

Во некои куќи надојдената вода поплави дворови и подруми. Поплавен беше и локалниот пат од Тетово кон Фалише кај подвозникот. Според изјава на жители, сообраќајот бил во прекин и не можело да се помине од Тетово кон Фалише.

И поголем дел од градските улици се најдоа под вода во зависност од интензитетот на врнежи, како и од апсорпцијата на водата во атмосферската канализација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пожарникари во Тетово извлекле три автомобили со патници, кои заглавиле во вода под надвозник по обилните врнежи

МИА/Видео: ТВ 21

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Битолчанец тешко повреден по пад со параглајдер

Редакција

Каков имот пријавил Ѓоко Велковски, разрешениот секретар на Град Скопје

Редакција

Вилма Русковска: Политиката ми затвори многу врати

Петре Димитров